За International Conveyor & Belting Products


   Интернешнл Конвејор и Белтинг Продакст Лтд Дооел Битола, Македонија (International Conveyor & Belting Products LTD Dooel) ул. Владимир Назор бр. 4 Битола, со матичен број 6752292 е запишана во централниот регистрар на РМ под деловен број 30120110065492 на 30.12.2011 година како фирма основана со странски капитал чии сопственик е г-дин Денис Груевски од Мелбурн Австралија кој како голем ентузијаст има формирано фирма во Австралиа, Нортерн Белтинг Сервисес (Northern Belting Servises Pty ) која бележи огромни финансиски резултати. Неговиот голем ентузијазам со голема желба го прошири во Р.Македонија неговиот роден крај и го пренесе целото искуство на вработените во Интернешнл Конвејор и Белтинг Продактс Лтд Дооел која работи како сестринска фирма со Австралиската фирма Нортерн Белтинг.

   Нашата фирма Интернешнл Конвејор и Белтинг Продакст Лтд Дооел е специјализирана за :
      - Сите видови на Транспортни ленти (Гумени, ПВЦ идруги)
      - Сите видови на Ролни за транспортни системи
      - Сервисирање на лице место на сите индустриски капацитети (лепење и монтажа)
      - Продажба на лепило за ладна и топла вулканизација
      - Продажба на сите продукти поврзани со транспортни ленти и транспортни системи.


   Голема предност на нашата фирма е што поголемиот дел од производите го имаме на лагер а нашите служби обезбедуваат 24 часовна поддршка, и на повик на купувачите веднаш заминуваат на терен и ги санираат сите проблеми. Ние на нашите клиенти им нудиме добар квалитет и брза услуга. Нашето мото гласи; “купувачот не смее да чека, купувачот е секогаш во право”.
   Со ваквиот елан на работа за кратко време ги освоивме пазарите во Македонија, Бугарија, Албаниа, Косово и Србија.

Име:
Е-маил:
Copyright © 2013 INTERNATIONAL CONVEYOR & BELTING PRODUCTS | All Right Reserved