Гумени повратни ваљаци

Гумените ваљаци со гумени прстени се користат за да оневозможат акумулација на материјал на металот од ваљакот.
Акумулацијата на материјал може да доведе до оштетување на лентата или да ја помести од идеалната траекторија. Затоа, покрај улогата на чистач и намалувач на бучава, овие ваљаци овозможуваат подобро центрирање на лентата. Гумените прстени можат да бидат насочени за да ја одржуваат насоката, можат да бидат прави за да го намалат товарот врз лежиштата или да бидат насочени комбинирано. Најчесто се користи по еден ваљак или можат да се поставуваат и парови.
Основата на гумените повратни ваљаци и димензиите се исто како и кај обичните ваљаци, разлика има само во гумените прстени кои можат да ги имаат следните димензии.
Димензии на гумените прстени на гумените повратни ваљаци:
Дијаметар OV | Димензии на прстен | Димензии на прстен |
---|---|---|
Ø63 | Ø63/Ø108x25mm | Ø63/ Ø133x30mm |
Ø89 | Ø89/Ø133x30mm | Ø89/ Ø159x30mm |
Ø108 | Ø108/Ø180x40mm |